Дени Мусовски од Сиетл сондерс од американската МЛС-лига би можело наскоро да заигра за репрезентацијата на Македонија.
Искусниот напаѓач бил контактиран од ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ и тој со задоволство прифатил да игра за нашата А-репрезентација, а наскоро треба да добие македонски пасош.
Мусовски годинава во МЛС-лигата имаше 16 гола и пет асистенции на 34 меча.
Исто така разговарано е и со Андреј Тодороски од ТСЦ Бачка Топола. И тој начелно прифатил да игра за Македонија, квалитетот што го поседува не е спорен, но со него ситуацијата е малку комплицирана поради австрискиот пасош што го поседува, па ако игра за Македонија, ќе мора да се откаже од австриското државјанство.
ФФМ на „радарот“ го имал и Милан Илоски од Филаделфија јунион во МЛС-лигата, со него е контактирано по телефон, но одбил да игра за Македонија, сакал да се фокусира на настапите на неговиот клуб.

