Напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс доживеа страшна сообраќајна несреќа, но која за негова среќа, помина без сериозни повреди. Бонифејс ги сподели снимките и фотографиите на социјалните мрежи, потенцирајќи дека тој е добар.
Сообраќајката се случила на патот меѓу Бад Камбер и Идштајн, на патот кон аеродромот во Франкфурт. Нигерискиот репрезентативец тргнал да земе пријател од аеродромот, кога Мерцедесот удрил во камион. Бонифејс не возел, туку бил сопатник.
https://twitter.com/i/status/1847946502187970752
Според „Билд“, Бонифејс се здобил само со две помали повреди на раката, која му била крвава на објавените снимки. Автомобилот е речиси целосно уништен од десната страна.
Пораката на Бонифејс испратена од лекарсската ординација беше кратка и јасна „Фала му на Бога“.
Victor boniface survived a ghastly car accident last night…. Thank God for life🥹🧎🏼♂️ 🙏 pic.twitter.com/fIJQYUE6Ej
— Oyindamola🙄 (@dammiedammie35) October 20, 2024