Голгетерот од СП во Русија не е во форма – Погледнете што промаши Кејн (Видео)

Хари Кејн е далеку од формата што ја прикажа со блескави игри на Мундијалот во Русија во 2018 година и на Европското првенство што е во тек не постигна ниту еден гол, а промаши и златна шанса во финишот на претпоследното осминафинале денеска против Германија.

Во самиот финиш на првиот дел, по продорот на Рахим Стерлинг, топката дојде до него, Кејн беше сам пред Мануел Нојер и наместо да шутира, се обиде да дрибла и не успеа да постигне водечки гол за Англија.

Моментот од 45-тата минута и големата шанса на Кејн можете да го погледнете ОВДЕ.

Англија и Германија одиграа без голови по првото полувреме на „Вембли“ во дербито на осминафиналните дуели на ЕП.

Кејн со шест гола за Англија на последниот Мундијал во Русија пред три години беше најдобар стрелец на турнирот и ја освои Златната копачка.

На ова ЕП сè уште го чека првиот гол за Гордиот Албион.

 

- Оглас -

Најнови вести