Паузата од клупскиот фудбал се користи за репрезентативни настапи на сите делови од светот. Селекциите на Лесото и Етиопија одиграа контролен меч на кој се радуваа фудбалерите на Лесото.
Херој на мечот е голманот на Лесото и тоа не поради неговите одбрани, туку поради фактот дека беше стрелец на победничкиот гол. Се играше 80 минута кога голманот Секоане Моеране реши од 70-тина метри да шутира директно кон противничкиот гол и за изненадување на сите, успеа да постигне гол, кој на крајот се покажа и како решавачки.