Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер е избран за најдобриот Бразилец кој во 2019 година играше во Европа. Чуварот на мрежата имаше одлична година, а со англискиот гигант се радуваше на титулата во Лигата на шампиони.
Во 2019 година на Бекер за малку му избега и титулата во англиското првенство, но на тој трофеј се очекува да се радува за неколку месеци, затоа што Ливерпул моментно е убедлив лидер во Премиер лигата.
Токму Бекер е еден од најзаслужните за добрите резултати на Ливерпул, бидејќи брани одлични. Во Англија ја доби наградата за „Златна ракавица“, откако успеа да има 21 меч на кои не прими ниту еден гол.
На второто место на листата на најдобри Бразилци во Европа е соиграчот на Алисон Бекер, Роберто Фирмино, додека третото и четвртото место се резервирани за Тијаго Силва и Фабињо. Во гласањето за најдобар Бразилец во Европа учествуваат навивачите, новинарите и поранешните играчи од Бразил.