Босна и Херцеговина води со 2:1 по првото полувреме на гостувањето кај Кипар, во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Катиќ со погодок уште во 10-тата минута донесе предност за гостите, а во 36-тата минута веќе беше 2:0 за Босна и Херцеговина.
Гостите изведоа корнер, а голманот на Кипар, Неофитос Михаил, несмасно ја прифати топката во своите раце, а потоа му испадна и заврши во неговата мрежа. Џабе беше обидот преку ВАР-системот и повторената снимка да се бара некаков виновник во евентуален фаул, кога ситуацијата беше јасна и БиХ поведе со 2:0.
Михаил е голманот на Пафос, екипа која игра во Лигата на шампионите и во првите две кола имаше одлични одбрани, но сега на репрезентативен план се посрамоти.
Cyprus 0:[2] Bosnia & Herzegovina – OG Michail 36′
byu/lee7on1 insoccer

