22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Голман на Јуве тврди дека Роналдо не промашува кога шутира слободни удари на тренинзи

Португалецот Кристијано Роналдо има само еден постигнат гол од 72 обиди од слободни удари во дресот на Јувентус, што е катастрофален учинок, но нема тренер кој ќе му забрани да шутира и да одреди друг изведувач на тој вид на прекини.

Според зборовите на резервниот голман на Старата дама, Карло Пинсољо, Роналдо на тренинг дава гол од речиси секој обид од слободен удар, и зачуден е што се случува со ѕвездата на натпреварите.

„Кристијано на тренинзи погодува без грешка. Не знам зошто не погодува на натпреварите, можеби едноставно нема среќа“ – вели Пинсољо, кој го испофали Португалецот дека бил едноставен човек, кој е тивок и сака да се шегува и смее.

- Оглас -

Најнови вести