Мортен Грасмо, голманот на норвшкиот третолигаш Сотра постигна чудесен гол во 95. минута, односно во последниот напад за реми 2:2 против Улерн, а ударот со ножички му е фудбалско ремек-дело.
Грасмо тргна во напад во обид да помогне да се израмни резултатот и погоди на маестрален начин со удар преку себе, а ножичките се невообичаени и во висок лак топката заврши зад грбот на противничкиот чувар на мрежата, кој беше на гол-линијата, но и беше немоќен.
Голот е фантастичен и ќе конкурира за наградата „Пушкаш“ за најубав гол во 2022 година.
Ullern – Sotra 2-2 (Grasmo 90+5) Great last kick equalizer by the goalkeeper in the Norwegian third tier from soccer