Рома во своите редови го доведе Пау Лопес, шпанскиот чувар на мрежата кој доаѓа од редовите на Реал Бетис. Римската волчица исплати 30 милиони евра, а Лопес денес ќе го стави потписот на петгодишниот договор.
Повремениот шпански репрезентативец е четврто големо засилување на Рома во овој летен преоден рок. Претходно пристигнаа Леонардо Спинацола, Брајан Кристанте и Амаду Диjавара за вкупно 71,5 милиони евра, а заедно со трансферот на Лопес, Римјаните ја надминаа границата од 100 милиони евра за ангажмани.
https://twitter.com/OfficialASRoma/status/1148183042000859136