На второлигашки натпревар во Виетнам се случи еден ретко виден случај кој стана хит на социјалните мрежи низ светот. На мечот помеѓу Кан То и Конг Ан Нан Дан, домашниот голман одбрани пенал при резултат 1-1, го спаси својот тим од веројатен пораз, но главно е она што се случи при прославата.
Голманот беше многу лут што беше досуден пенал кој тој го направи, и притоа доби жолт картон, па со одбраната „му се одмазди“ на судијата кој според него погреши. Соиграчите со сите сили го спречуваа да не го провоцира судијата, но џабе. За среќа на голманот, провокацијата мина без уште еден картон, што ќе значеше исклучување и уште поголем инцидент.
Целата ситуација може да ја погледнете ТУКА.