Изминатиот викенд Бундеслигата беше сведок на историски настан. Ноа Атуболу, голманот на Фрајбург, го одбрани пеналот на Романо Шмид во гостинската победа со 0-3 против Вердер Бремен, со што урна рекорд во германската елита.
Дваесет и тригодишниот фудбалер стана првиот голман во историјата на германското првенство кој успеал да одбрани пет последователни пенали. Ова беше неговата прва интервенција од белата точка сезонава, но во претходната сезона ги одбрани двата удари кои му беа досудени, а на последниот ден од сезоната 2023/24 застана на патот на две пенал-реализации во еден ист натпревар.
5 – Noah Atubolu has saved his fifth penalty in a row, setting a new record for a goalkeeper in Bundesliga history. Wall. pic.twitter.com/UlUMHvyS9l
— OptaFranz (@OptaFranz) September 20, 2025
Во целата кариера Атуболу има одбрането 10 од 30 пенали, од кои пет во Бундеслигата. Во германското првенство примил само три од осум пенали: од Вајгл (како играч на Борусија Менхенгладбах), Опенда (Лајпциг) и од Дукш (Вердер Бремен).
Интересно е што и последниот пенал кој го одбрани пред овој повторно беше против Вердер, во триумфот на Фрајбург од 5-0, кога Андре Силва не реализира. Претходно му одбрани удар и на Флоријан Вирц, иако Фрајбург тогаш беше поразен убедливо од Баер Леверкузен со 5-1 во декември минатата година.
На крајот, во 34-тото коло од сезоната 2023/24, Фрајбург загуби со 2-1 како гостин на Унион Берлин. Јурановиќ промаши пенал во 38-мата минута, а Фоланд во 90+2 имаше шанса да донесе три бода што ќе значеа опстанок во Бундеслигата. Атуболу го одбрани ударот, но не успеа да ја спречи дополнителната реакција на Хаберер, што го остави Фрајбург без место во европските клупски натпреварувања.

