Бодо/Глинт со 1-0 го победи Брине во меч од првото коло во норвешката лига, а за играч на натпреварот беше прогласен голманот на Брине, Холанѓанецот Јан Де Бур. Тој имаше девет одбрани, фати и еден пенал, и беше играч на мечот, но како награда не доби пехарче, плакета или шампањско, туку верувале или не, четири табли јајца.
Брине е клуб од област во Норвешка во која е развиено земјоделството и сточарството, а и нивните фанови често скандираат „Ние сме фармери и горди сме на тоа!“
Честа глетка на домашните средби на Брине е да има публика качена на трактори покрај оградата на стадионот.
Уште од сега најавија дека најдобриот поединец на нивниот нареден домашен меч на 6-ти април, ќе добие картон со шишиња локално млеко.