32.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Голман-трагичар во Топ 5 лигите за минатиот викенд е тој од Борусија Дортмунд (Видео)

По 10 одиграни кола, изненадувачки лидер на табелата во Бундеслигата е екипата на Унион Берлин. Екипата која до пред три сезони играше во Цвајте, сега е најдобра со 23 бодови и одлична одбрана која досега прими само шест погодоци.

Унион Берлин вчера на свој терен играше дерби против Борусија Дортмунд и не само што успеа да го сопре опасниот напад на Милионерите, туку тимот од Берлин славеше со 2:0.

Голема заслуга за победата на Унион Берлин има голманот на гостите, Грегор Кобел. Швајцарецот доби една повратна топка до соиграчите, но наместо да ја исфрли далеку од неговиот гол, тој се лизна и падна, а топката остана пред празниот гол.

Јаник Хабертер беше најблиску до голманот и без проблем го искористи подарокот, погодувајќи во празната мрежа за водство од 1:0 на Унион Берлин. Подоцна истиот играч даде и втор гол, а лидерот на табелата освои нови три бода.

 

- Оглас -

Најнови вести