Хапоел Кфар Саба попладнево го победи Хапоел Ум-Ал Фахм со 2-0 во меч од израелската втора лига, двата гола паднаа во финишот, во 89-та и 96-та минута, а вториот беше неверојатен, оди на душа на голманот и брзо стана хит на социјалните мрежи.
Домашните изведуваа слободен удар на околу 35-40 метри од голот на чуварот на мрежата Гил Барда, топката одеше под пречка, а наместо рутинска одбрана со раце, Барда се обиде да биде атрактивен и топката да ја одбие со глава, но не успеа, таа мина над неговата глава и прими гол.
Гостите се последни на табелата, со ваков голман не е ни чудно. Погледнете го голот кој стана хит:
מהההה pic.twitter.com/qHsile6nyL
— Alek Mashov (@alekmash) February 28, 2025