Голманиште – Рушту се одбрани и од Коронавирусот

По 11 дена борба за својот живот, некогашниот турски голман Рушту Речбер ја доби битката против Коронавирусот. Рушту, кој има 46 години, денеска беше пуштен од болница.

Рушту од Ковид-19 беше заразен од жена му Ишил по нејзиното враќање од САД. Првите денови ексголманот на Фенербахче, Бешикташ и Барселона имал треска, бил заморен, го загубил апетитот, а имал и проблем со дишењето пропратено со постојана кашлица. Во болница беше поставен на респиратор и успеа да се излечи.

Легендарниот голман со 124 настапи е рекордер на турската репрезентација, со која освои бронзени медали на Светското првенство во 2002 и на Европското првенство во 2008 година.

- Оглас -

Најнови вести