7.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Голманите беа најдобри, Македонија и Летонија не постигнаа гол во првите 45 минути

Немаше гол во првото полувреме на пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Летонија, кој се игра во Скопје.

И нашите и Летонците имаа убави шанси за погодок, но голманите Димитриевски и Матревичс со одлични интервенции ги зачуваа своите мрежи.

Иако резултатот не е во прв план на вакви мечеви, сепак потребен е поголем ангажман и поголема желба за победа, која е важна од психичка гледна точка и за рејтингот на ФИФА-листата.

- Оглас -

Најнови вести