Голманите газат со голови викендов – Боно и Нунеш имаат друштво од Грција (Видео)

Претпоследниот викенд во март минува во знакот на голманите, кои веќе постигнаа три гола на натпревари од различни лиги во Европа.

Денеска јунак беше чуварот на мрежата на грчки Астерас, Никос Пападопулос, кој со погодок во последната минута го спаси својот тим од пораз против гигантот Панатинаикос.

Пападопулос одлучи да оди на се, или ништо и за негова среќа беше прецизен во 95. минута, со гол со кој израмни на 2:2 против гостите од Атина.

Keeper scoring last minute goal (Asteras Tripolis 2 – 2 Panathinaikos) from soccer

Вчера со голот на Мароканецот Боно, Севилја во последните секунди се извлече од пораз на гостувањето кај Валјадолид. Голманот на Севилја во последната акција на мечот, во 94. минута најдобро се снајде во мешаницата во 16-никот на домашните после еден корнер, а имаше и многу среќа при погодокот за конечни 1:1.

Боно со тоа стана првиот голман во клупската историја на Севилја кој постигнал гол на лигашки натпревар

Претходно, исто така на меч што се играше во сабота, Рикардо Нунеш, голманот на португалскиот второлигаш Варзим, постигна невиден гол. Силно ја шутна топката од својот 16-ник, топката леташе далеку, и го прескокна противничкиот голман кој беше изненаден и прими необичен погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести