Голманите Џордан Пикфорд и Алисон Бекер се најзаслужни што градското дерби помеѓу Евертон и Ливерпул заврши без голови. Англичанецот и Бразилецот имаа одлични одбрани и не дозволија да бидат совладани.
Ова е дури деветто реми на последните 11 лигашки дуели на овие два тима на „Гудисон парк“.
Евертон постигна гол, но беше поништен по прегледување на снимка. Одлуката беше правилна, но Ливерпул во една друга ситуација доби помош од судиите. Вирџил Ван Дајк на 15-тина минути до крајот за фаул за кој најверојатно требаше да добие црвен картон, мина само со жолт, па гостите комплетни го завршија мечот.
Последната шанса ја имаа Црвените, но стативата спречи нивна победа.
Френк Лампард во петтиот обид во менаџерската кариера, првпат не загуби од Јирген Клоп, но за Евертон остана една лоша традиција, уште од 2010 година се нема израдувано на домашна лигашка победа против градскиот ривал.