Голманите импресионирани: „Ова ќе биде историски натпревар“ (Видео)

Македонската ракометна репрезентација го одржа првиот тренинг на стадионот „Меркур Шпиле арена“ во Дизелдорф, каде утре со дуелот против Франција го отвораме настапот на Европското првенство.

Двајцата голмани на Македонија, Марко Кизиќ и Мартин Томовски, се едногласни дека ова ќе биде историски дуел пред 50.000 гледачи.

– “Неверојатно чувство, навистина сме изненадени. Чест и задоволство ќе ни биде да играме на овој стадион. На натпреврот против Франција ќе се испише историја, а на нас ни останува да уживаме и да дадеме се од себе.“ – вели Мартин Томовски.

Слично размислува и вториот голман во нашата репрезентација, Марко Кизиќ.

– “Сите сме шокирани, ова ќе биде историски натпревар. Атмосферата е преубава и на празна сала, а сигурно дека ќе биде прекрасно и кога ќе биде исполнета. Со нетрпени го очекуваме тоа. Втор ден сме во Германија, се е супер и со нетрпение го очекуваме натпреварот.“ – вели Марко Кизиќ.

- Оглас -

Најнови вести