Голманите не дозволија гол на „ораницата“ во Лидс

Лидс и Челзи на необично лошиот терен на „Еланд роуд“ одиграа премиерлигашки меч без голови и мораа да се задоволат со по еден бод. Голманите на двата тима имаа некои одлични одбрани, а и пречката спречи гол. Езџан Алиоски го одигра целиот меч, а во 71 минута доби жолт картон за старт над Тимо Вернер.

Лидс од ноември 2017 нема три лигашки порази по ред, и не дозволи повторување на такво нешто. Со ремито, Лидс не успеа да постави клупски рекорд од 19 меча по ред без нерешен исход. На 22 ноември 2020 кога одиграа дома 0-0 против Арсенал, беше претходниот меч на Лидс на кој тимот освои еден бод.

Лидс и понатаму дома нема победа против екипите од горната половина на табелата. Челзи од 1989 наваму не успеал во иста сезона двапати да го победи Лидс, а Лидс од 2002 чека премиерлигашка победа над Сините од Лондон. За Челзи ова беше 12-ти меч под водство на Томас Тухел, а на тие 12 дуели не загубија ниеднаш и примија само два гола.

- Оглас -

Најнови вести