Голманите се опасни кога нема што да се загуби – Копманс даде гол во последна секунда и одбрани пенал за победа (Видео)

Лук Копманс е голем јунак на Ден Хаг и најзаслужен за победата на тимот во Купот на Холандија против Спарта Ротердам во маратонски меч што заврши по изведување на пенали.

Голманот на Ден Хаг имаше успешен излет во гостинскиот шеснаесетник во последните моменти од мечот и успеа со гол со глава да израмни на 1:1.

Домаќините се изборија за продолженија во последен миг благодарение на голманот, а потоа Копманс беше и јунак во пенал-серијата.

Успеа да му го одбрани ударот од белата точка на Барт Вриндс во третата серија, доволно за пласман на Ден Хаг во следната рунда од Холандскиот куп.

 

- Оглас -

Најнови вести