Синоќа уште еднаш се докажа дека во УЕФА, а и воопшто во фудбалот, се потценуваат голманите.
Иако Андриј Лунин дури со девет одбрани го спаси Реал Мадрид на гостувањето кај Лајпциг, за играч на мечот беше прогласен Брахим Дијаз, кој даде феноменален гол и со тој погодок му донесе триумф од 1-0 на Кралскиот клуб.
Реал победи, но немаше да остане без примен гол ако не беше расположениот Украинецот Лунин.
Уште од 2013 година наваму не беше видено некој голман на гостување во елиминациска фаза во ЛШ да има девет одбрани и да ја зачува својата мрежа. Пред Лунин, такво нешто му успеа на Џиџи Буфон против Селтик.