22.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Голманите во Премиер лигата незадоволни од новата топка: Повеќе личи на топка за одбојка

По 25 години соработка меѓу Премиер лигата и „Најк“ за снабдување со фудбалски топки во елитната англиска лига, од оваа сезона се игра со топки на „Пума“.

Уште на стартот од новата сезона стугнуваат првите забелешки за квалитетот на новата топка со која се игра во Премиер лигата. Бројни се критиките посебно од страна на голманите, кои тврдат дека топката е неадекватна за фудбал.

Први со јавна реакција излегоа голманите на Манчестер јунајтед и на Челзи, Алтај Бајиндир и Роберт Санчез. Тие двајцата велат дека имале проблеми поради топката.

„Повеќе е како одбојкарска топка и така се движи низ воздухот, а онаа на Најк не беше таква. Имам една дома, па можам да се навикнам на неа. Екстремно е лизгава, што ја отежнува справувањето. Ќе има многу грешки оваа сезона – истакнаа голманите“, истакнуваат чуварите на мрежите на Манчестер јунајтед и на Челзи.

Според нив, топката е очигледно направена за напаѓачи, иако им отежнува и контролата за време на играта. Друг голман од Премиер лигата потврди слични проблеми.

„Мислам дека е ужасно. Не можете да ја фатите како што треба, особено кога е нова, а секогаш носат нови топки на денот на натпреварот“, рече тој.

Новата топка се вика „Orbita Ultimate PL“ и беше претставена откако Премиер лигата го прекина долгогодишното партнерство со Најк. Истата топка беше критикувана и претходно – во Карабао купот минатата сезона. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше исмејуван затоа што зборуваше за проблемот со топката по поразот од 2-0 од Њукасл.

– Имавме 23 шутеви, но само три беа во голот. Многу шутиравме над пречката, и жално е што овие топки летаат многу – рече Артета.

Иако EFL во тоа време рече дека сите тимови ќе играат со иста топка, многу играчи, вклучувајќи ги и голманите, се согласија со неговите зборови, нагласувајќи дека топката е непредвидлива и неконзистентна во летот.

- Оглас -

Најнови вести