26.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Голманката на Ливерпул доживеа неверојатна повреда од соиграч

Фран Кичинг, голманката на Ливерпул, претрпе страшна повреда на еден од последните тренинзи пред мечот со Бристол сити.

По еден дуел во петерецот, голманката на Ливерпул ненамерно доби копачка во глава. Ударот беше толку силен што на Кичинг веднаш и потече крв од главата.

Повредата делуваше страшно, а лекарите веднаш реагираа и укажаа прва помош, а потоа ја однесоа во болница. За среќа, повредата не е со сериозни последици, но Фран доби 15 конци на лицето.

 

 

- Оглас -

Најнови вести