Голманот Алексовски го повреди коленото, се врати во Скопје на дополнителни прегледи

Прволигашот Шкупи остана без голманот Игор Алексовски, кој го повреди коленото на зимските подготовки со тимот во Анталија.

По консултациите со медицинскиот тим на Шкупи, Алексовски е вратен во Скопје и ќе има дополнителни прегледи за да се утврди тежината на повредата.

Игор е дел од младинската генерација репрезентативци на Македонија што запиша историја со настап на Европското првенство во Полска 2017 и бранеше на два од трите натпревари, против Шпанија и против Србија.

Лани од Вардар се пресели во Шкупи, тим за којшто има 13 настапи.

 

- Оглас -

Најнови вести