Екипата на Монако со пресврт дојде до победата над Мец со 2-1. Голот за водство на гостите беше вистинско ремек-дело на 19-годишниот Ламин Камара. Тој одзеде топка за својата половина и на прва ја упати топката кон противничкиот гол, откако забележа дека голманот на Монако, Филип Кох, е излезен.
Топката имаше идеална траекторија на движење и заврши во мрежата на Монако. Сепак, домашните во продолжение од мечот со головите на Головин направија комплетен пресврт за победа од 2-1.
https://twitter.com/Ligue1_ENG/status/1716212837885096167?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1716212837885096167%7Ctwgr%5E95921c5d0b9fd7c96fed46cd34a34764f3790645%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fu-francuskoj-postignut-jedan-od-najboljih-golova-sezona-a-on-je-djelo-19-godisnjaka%2F231023014