АЕК Ларнака победи со 3-0 на гостувањето кај Етникос Ахна во дуел од кипарскиот фудбалски шампионат на кој на терен се појавија четворица Македонци.
АЕК чиј член е Иван Тричковски, головите ги даде во 12-та, 91-ва и 93-та минута. Тричковски беше резерва, на терен влезе во 61-ва минута.
Кај Етникос, стартери беа голманот Мартин Богатинов, дефанзивецот Кире Ристевски и плејмејкерот Стефан Спировски, и сите добија картони. Богатинов во 42-ра минута направи фаул со кој спречи чиста шанса за гол, па доби директен црвен картон. Ристевски и Спировски во текот на средбата добија жолти картони.

