Голманот Едерсон може да игра и на друга позиција во Манчестер сити

Бразилскиот голман Едерсон, има покажано добра техника, знае да се снајде кога топката му е во нозете, а клупските колеги од Манчестер сити сметаат дека тој би можел без проблем да игра и на друга позиција, како на пример дефанзивен играч за врска во средниот ред.

Португалецот Бернардо Силва, кажа многу пофални зборови за голманот кој со 25 години е еден од најдобрите на светот. Силва се согласува дека Едерсон еден ден би можел да ги отфрли ракавиците и да игра на друга позиција.

„Мислам дека тој може да игра и во поле, на пример во одбраната, или како деструктивец во средниот ред“ – вели Силва кој упати комплименти и за работата на тренерот Гвардиола и за напаѓачот Агуеро.

„Гвардиола е добар организатор, знае да излезе на крај со секакви ситуации. Јас сум релативно млад и не ги памтам сите славни напаѓачи, но од тие што ги паметам и што сум ги гледал, Агуеро е најдобриот“ – додава Силва.

- Оглас -

Најнови вести