Голманот го постигна голот на годината со шут од 80 метри (Видео)

Во турското првенство беше постигнат гол на еден од најнеобичните начини. Касимпаша со 2:0 на свој терен славеше над Кајзериспор, а во главна улога беше домашниот голман Андреас Јаниотис, кој го постигна вториот погодок.

Се играше 66 минута кога грчкиот голман излезе од 16-тникот и со шут од 80-тина метри силно ја исфрли топката далеку од неговиот гол. Топката леташе далеку и тапна на шеснаесетникот на противникот, а потоа го изненади противничкиот голман и заврши во мрежата.

- Оглас -

Најнови вести