И тоа е можно: Голманот исклучен за време на пенал-рулетот, резервниот не смееше да се појави на терен (Видео)

Неверојатна драма се случи на дуелот меѓу Орландо сити и Њујорк сити, во осминафиналето од плеофот во МЛС шампионатот на САД. Откако по регуларните 90 минути беше 1:1, а немаше погодоци ни во дополнителните 30 минути, патникот за во следната фаза мораше да се решава со изведување на пенали.

Тука се случи и дополнителна драма. Судијата Алан Чепман го исклучи голманот на Орландо Педро Галес и тогаш започна хаосот. Резервниот голман Брајан Ров се подготвуваше да влезе на терен, застана на голот за да брани, но судијата тогаш доби нови информации.

Орландо веќе ги имаше направено сите дозволени измени на мечот и едноставно немаа право да направат замена. Во еден таков случај, вториот голман беше „избркан“ од теренот, а голманските ракавици мораше да ги земе еден од фудбалерите.

И во една таква ситуаицја Орландо на крајот ја доби пенал драмата со 6:5 и тимот се пласираше во следната фаза од плејофот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести