Голманот на Лил, Мај Мењан прими чуден гол во првото полувреме, откако лошо го процени центаршутот на Арбер Зенели, па со еден од најчудните погодоци во Лига 1 сезонава, Ремс поведе и имаше предност од 1:0 по првото полувреме.
Репрезентатовецот на Косово од втор обид центрираше во шеснаесетникот на домаќините во 36. минута, а Мењан беше како дух. Остана клекнат на место и топката му мина низ раце и влезе во мрежата.
За среќа на 25-годишниот голман на Лил, веднаш на стартот од второто полувреме со гол за израмнување киксот му го поправи Џонатан Бамба, кој погоди за 1:1, а за победнички погодок во 91. минута се погрижи Џонатан Давид.