Голманот кој има 44 години ја имаше најдобрата одбрана на Светското клупско првенство (Видео)

Бразилскиот Флуминенсе се пласираше во полуфиналето на Светското клупско првенство. Флуминенсе со 2:1 славеше над Ал-Хилал, а еден од најзаслужните за овој успех на бразилскиот тим е голманот Фабио.

Иако има 44 години, Фабио е незаменлив на голот на Флуминенсе. Тој беше херој во претходното коло кога со 2:0 го победија Интер, а и сега имаше неверојатна одбрана против Ал-Хиалл.

Фабио покажа неверојатен рефлекс кога успеа да одбрани еден многу тежок удар со глава и тоа во финишот на првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести