Голманот на Арсенал, Давид Раја е еден од најдобрите голмани во Премиер лигата, а тоа го потврдува и со фактот дека две години по ред е добитник на наградата „Златна ракавица“.
По завршување на сезоната, Раја имаше можност да се релаксира и опушти. Тој заедно со своите пријатели замина на организирано момачко патување во Лас Вегас. Интересно е дека според британска традиција, пријателите на младоженецот даваат некоја интересна и необична задача која мора да биде исполнета.
На Раја му се „падна среќата“ да треба да биде стујард и да послужува патници со храна во авионот. Голманот на Арсенал кој годишно заработува 5,5 милиони евра по сезона, со насмевка го прифатил предизвикот и ја поделил храната на патниците во авионот.