Голманот кој ја уби девојката и ја фрли на кучиња да ја изедат сега станува тренер за ментален развој на фудбалери

Поранешниот бразилски голман Бруно Фернандеш речиси пред една деценија ја шокира јавноста откако беше обвинет за убиство на неговата девојка, манекенката Елиса Самудио. Откако ја убил девојката, потоа ја фрлил на кучињата да ја изедат.

Во 2013 година Бруно беше осуден на 22 години затвор, а откако одлежа шест години и седум месеци во затвор, неговите адвокати поднесоа петиција поради бавната обработка на жалбеното барање. Петицијата ја одобри министерот Марко Аурелио Мело, па голманот бил пуштен од затвор.

Потоа се жалела мајката на убиената девојка, но нејзиното барање било одбиено, па Бруно остана на слобода. Потоа повторно бил вратен во затвор, каде што е преместен во полуотворено оделение, па може да работи преку ден, а потоа навечер да се враќа во затворот.

Поради неадекватните затворски услови, Бруно добил можност освен да работи, да биде и во домашен притвор, што фактични значи дека по завршената работа, се враќа дома.

Голманот неколку пати се обиде да се врати во фудбалските води, но остана безуспешно за повторно да ги стави голманските ракавици. Сега тој најави дека има нова цел во обид да се реинтегрира во светот на фудбалот, но со секоја објава за вработување, трпи одмазда и на крајот ја прекинува врската.

Бруно најави дека ќе стане спортски тренер, фокусирајќи се на менталниот развој на спортистите.

- Оглас -

Најнови вести