14.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Голманот кој освои 12 трофеи со Сити, а бранеше само 117 минути, објави крај на кариерата

Голманот на Манчестер сити, Скот Карсон, објави дека се повлекува од професионалниот фудбал на 40-годишна возраст. Карсон е познат по тоа што со Сити освои 12 трофеи, а на терен мина само 117 минути, или во просек освојуваше пехар на секои 9 минути игра што е неверојатно.

„По неверојатното патување помеѓу стативите, време е да ги закачам ракавиците. Фудбалот ми даде сè – спомени, пријателства и моменти што никогаш нема да ги заборавам. Благодарност до секој соиграч, тренер, навивач и клуб што беше дел од моето патување. Ми беше чест“, порача Карсон. 

Карсон за Манчестер Сити, настапи на само два натпревари за четири години и заработуваше плата од 8,5 милиони фунти.

Карсон беше член и на Ливерпул, Лидс, Вест Бромвич Албион, Астон Вила, Бурсаспор, Виган и Дерби Каунти. Тој има четири настапи и за селекцијата на Англија. Пкрај со Сити, и со Црвените од Ливерпул ја освои Лигата на шампионите. 

- Оглас -

Најнови вести