Голманот кој со Реал освои три европски круни, од ПСЖ сега се пресели во Англија

Голманот Кејлор Навас е еден од малкуте кои може да се пофалат дека имаат освоено три титули во Лигата на шампионите. Навас со Реал Мадрид три пати беше на тронот на Европа, потоа направи трансфер во Пари Сен Жермен, а сега се пресели во Нотингам форест во Англија. Тоа е тим кој по повеќе од 20 години е дел од Премиер лигата и главна цел е да обезбеди опстанок. Освен Навас, во Нoтингам форест пристигна и Џонџо Шелби, кој досега го носеше дресот на Њукасл

Интересно е дека ПСЖ се договори со Челзи за доведување на Хакими Зијех на „Стемфорд бриџ“, но двата клуба за неколку минути задоцнија да ги комплетираат сите потребни документи и најверојатно овој трансфер нема да се реализира. Двата тима најавија дека ќе вложат жалба и ќе се обидат сепак овој трансфер да биде реализиран.

Атлетико Мадрид во своите редови го доведе ирскиот репрезентативен дефанзивец Мет Доерти од Тотенхем, додека Хектор Беларин од Барселона се пресели во Спортинг Лисабон.

Сите овие трансфери се интересни, но сепак останаа во сенка на рекордниот трансфер во британскиот фудбал, кој се случи буквално во последните секунди од јануарскиот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести