Лорис Кариус беше голема фудбалска надеж, бранеше за клубови како Ливерпул, Бешикташ и Њукасл. Неговиот следен предизвик е да го сочува голот на Шалке во германската втора лига.
Кариус стана светски популарен по киксовите што го направи во финалето на Лигата на шампиони кога со Ливерпул загуби од Реал Мадрид и остана без трофејот. На фудбалскиот терен не му одеше најдобро на Кариус, но на љубовен план успеа да ја „улови“ најпопуларната спортска новинарка во Италија и пошироко, Дилета Леота.
За тоа колку е популарна и добро платена Дилета покажува и фактот дека новинарката зработува три пати поголема плата од Кариус. Голманот со Шалке потпиша договор, а според германските медиуми ќе заработува 7.000 евра неделно или нешто помалку од 30.000 месечно, односно нешто повеќе од 300.000 евра годишно.
За разлика од Кариус, Дилета има потпишано договор со една телевизиска куќа според кој добива еден милион евра за следење на натпреварите од италијанската Серија А.