За една од нашите светли точки на Мундијалот нема тајни ни во фудбалот (Видео)

Николче Митревски е една од малкуте светли точки на Македонија на ракометниот Мундијал во Египет, но и неговите прекрасни одбрани не помагаат да забележиме добар резултат.

Македонија е поразена убедливо и од Русија со 20:32, што ни е четвртиот пораз со двоцифрена разлика на пет досега одиграни натпревари.

Митревски во тандем со Томовски бранеа многу солидно, а поискусниот и прв голман на нашата ракометна репрезентација имаше интересен начин за загревање пред мечот со Русите.

Изведе неколку слободни удари од далечина и покажа дека и фудбалот не му е непознат спорт, напротив покажа одлична техника и во најважната споредна работа на светот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести