Голманот на Аргентина е виновник за новото правило при изведување на пенали

Меѓународниот одбор на фудбалски федерации (ИФАБ), донесе одлука од 1-ви јули на сила да стапи ново правило кое се однесува за изведување на пеналите.

Според новото правило, голманот пред изведување на пеналите повеќе нема да смее да ги допира пречката, стативата или мрежата, нема да смее да одолговлекува, нема да смее да прави било какви неспортски потези кои би влијаеле на изведувачот на пеналот и не смее непримерно да се однесува.

За многумина ова правило се воведува поради голманот на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинес, кој во финалето на Светското првенство во Катар, не се однесуваше спортски и фер кон француските фудбалери кои ги изведуваа пеналите.

Новото правило предизвика реакција и од голманите, а прв кој јавно реагираше беше чуварот на мрежата на Милан и на Франција, Мајк Мањан.

„Ново правило за пеналите од 2026 година. Голманите мора да го свртат грбот пред шутот. Во случај да го одбранат пеналот, ударот се повторува“, напиша Мањан на својот профил на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести