Голманот на Баер се изрезили: Требаше само да ја шутне топката, а тој си даде автогол (Видео)

Баер Леверкузен на гости со 2:1 славеше против Арменија Билефелд, па затоа сите во таборот на Фармацевтите ќ му го простат киксот на голманот Лукаш Храдецки. Голманот на гостите, во 47 минута си даде бизарен автогол.

Храдецки доби една повратна топка и требаше само рутински да ја исфрли кон средината на игралиштето, но се случи кикс. Голманот на Баер многу лошо ја удри топката и таа наместо кон средината на теренот, заврши во мрежата на неговиот гол.

Арменија со тој погодок израмни на 1:1, но за среќа на Храдецки, неговите соиграчи до крајот на средбата дадоа и втор погодок и на крајот стигнаа до трите планирани бода.

 

- Оглас -

Најнови вести