Голманот на Баер вторпат за пет дена прими гол за неверување (Видео)

Лукаш Храдецки, голманот на Баер Леверкузен, вторпат само за пет дена е во центарот на вниманието, и тоа поради погодоците кои завршуваат во неговата мрежа. Откако во последното коло од Бундеслигата, Храдецки се посрамоти промашувајќи ја топката, сега прими нов комичен гол.

На дуелот против Хапоел Бер Шева, Баер водеше со 2:0 кога Хравецки ја прими топката, истрча далеку од својот гол и проигра еден од соиграчите. Дефанзивецот направи кикс и лошо ја додаде топката. Еден од играчите на Хапоел ја пресече топката и без мака погоди во празната мрежа бидејќи Храдецки беше далеку од својот гол.

Тоа што е добро во двата случаи кога Храдецки прими смешни голови е тоа што Баер Леверкузен немаше голема загуба бидејќи Фармацевтите се радуваа на победа и против Арминија Билефелд пред пет дена, но и вечерва против Хапоел Бер Шева.

Резултати од мечевите одиграни од 21 часот во Лигата на Европа: АЗ Алкмар – Реал Сосиедад 0:0, Баер Леверкузен – Хапоел БШ 4:1, Клуж – Рома 0:2, Дандлк – Рапид Виена 1:3, Гранада – Омонија 2:1, Наполи – Риека 2:0, Ница – Славија Прага 1:3, ПСВ Ајндховен – ПАОК 3:2, Ренџерс – Бенфика 2:2, Стандард Лиеж – Лех 2:1, Тотенхем – Лудогорец 4:0.

За резултатите од мечевите одиграни од 18:55 часот проверете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести