Јонас Урбиг веќе два месеца е прв голман на Баерн Минхен, а овој 21-годишен голман сега е на прагот на историјата, може да стане само третиот играч во историјата на германскиот фудбал кој во иста сезона ќе стане шампион и на Бундеслигата и во Втората бундеслига (Цвајта).
Баварците за 7 милиони евра го купија Урбиг зимоска од Келн. Минхенскиот гигант веќе ја обезбеди титулата во Бундеслигата, а Јарците од Келн се на еден бод зад лидерот Хамбургер во втората лига на две кола до крајот.
По повредата на Мануел Нојер против Баер Леверкузен на 5 март, Урбиг влезе на негово место и оттогаш е незаменлив меѓу стативите во составот на Баерн.
Досега само двајца фудбалери во историјата, тоа се Паси Раутианен и Франк Хартман, направиле подвиг нивните два тима за коишто играле таа сезона да бидат прваци во двете елитни германски лиги. Урбиг може да стане третиот.
„Ќе бидам пресреќен ако Келн го освои првото место и влезе во Бундеслигата. Стискам палци за нив, знам колку е тоа важно за клубот“, изјави Урбиг.