Голманот на Бриж ги провоцира Меси, Нејмар и Мбапе: Воопшто немав работа

Ремито на Бриж против фаворизираниот Пари Сен Жермен е најголемото изненадување во првото коло од Лигата на шампионите. Иако многумина очекуваа шоу на Меси, Нејмар и Мбапе, на теренот ситуацијата беше друга. Фудбалерите на Бриж одлично беа поставени на теренот, а по бројот на упатени удари кон противничкиот гол, беа и многу поопасни.

Голманот на Бриж, Симон Мињоле, кој пред две години во дресот на Ливерпул се радуваше на европската титула во ЛШ, вели дека ова бил еден лесен меч за бранење.

„Воопшто немав работа. Одигравме многу добро, компактно како вистински тим и не им дозволивме да создадат добри шанси. Не може такви играчи да се чуваат еден на еден затоа што се предобри во такви ситуации. Сепак, со заеднички сили успеавме да ги стопираме и не им дадовме простор за игра. Имав неколку лесни одбрани, но ништо посебно“, рече Мињоле по сензационалниот резултат 1:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести