Ленс освои три бода на гостувањето кај Дижон во француската лига, а за победата од 1-0 голем придонес има и голманот на тимот кој сезонава уште не знае за победа.
Швајцарскиот голман Рачиопи се обиде да дрибла во близина на својот гол, а компликувањето заврши трагично и неговиот обид за исфрлање беше неуспешен. Калимуендо правеше притисок, па голманот згреши и прво за малку ќе си дадеше автогол, пред да шутне во ногата на Калимуендо и топката да влезе во гол.
Викендов зачестија голманските грешки, а тоа е нешто што го радува Лорис Кариус кој две години важи за најголем киксер на светот меѓу голманите кои бранат во елитни лиги во Европа.
https://www.youtube.com/watch?v=eg9DtMWJspM