Еквадор и Бразил одиграа 1:1 во еден возбудлив, интересен, но, пред сè, натпревар исполнет со тензија и голем број картони.
Веќе во првото полувреме беа доделени два црвени картони, од кои еден на домашниот голман Александер Родригес, кој во 15-тата минута му „влезе“ со копачка во врат на Матеус Куња.
Expulsado Alexander Domínguez.
Minuto 16’#ecuador #brasil pic.twitter.com/bB52Y5W2iK
— De Panenka (@DePanenka_1) January 27, 2022
Играчот на Бразил само неколку моменти потоа беше покажан во кадарот и на вратот можеа да се забележат гребаници и крв.
Додека, пак, второто исклучување го доби Емерсон Ројал само неколку мигови подоцна. Интересно е што и голманот на Бразил, Алисон, доби исклучување во првото полувреме, но по интервенција на ВАР, одлуката беше променета.
За Бразил голот го даде Касемиро во шестата, додека израмнувањето дојде преку Феликс Торес во 75-тата минута.
Со овој бод, Еквадор сега е на треттото место со 24 бода по 15 одиграни средби и се наоѓа зад Аргентина (34 бода), која со 2:1 ги совлада Чиле и Брази, кој има 36 бода.
Аргентинците иако настапија без Лео Меси и немаа резултатски мотив, сепак победија против Чиле, а стрелци на погодоците беа Анхел ди Марија во десеттата и Лаутаро Мартинез во 34-тата минута.
Единствениот гол за Чиле беше дело на Бен Беретон во 21-та минута.