30.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Голманот на Фрајбург испиша историја откако одбрани пет пенали по ред, а Кејн постави рекорд по бројот на дадени пенали

Фрајбург убедливо со 3:0 победи на гостувањето кај Вердер Бремен, а еден од најдобрите во победничкиот тим беше голманот Ноа Атуболу. При водство од 2:0 за гостите беше досуден пенал за Вердер, но Атуболу успеа да одбрани и ги откажа домашните фудбалери од надежта дека може да се спасат од пораз.

Со оваа одбрана, Атуболу постави рекорд во Бундеслигата по број на одбранети пенали. Тој успеа да ги одбрани последните пет пенали кои му ги шутираа во Бундеслигата, нешто што не му успеало на ниту еден друг голман низ историјата во германското првенство.

За разлика од Ноа Атуболу, голгетерот на Баерн Минхен, Хари Кејн постави еден друг рекорд кога се работи за пеналите. Кејн е првиот играч кој успеа да ги реализира првите 17 удари од белата точка во Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести