Голманот на ФЦСБ се расплака од мака што пред него има катастрофална одбрана

Романскиот тим ФЦСБ (некогашна Стеауа) доживеа незапамтен дебакл и дома, како и на гости, загуби со 0-5 од данскиот Силкеборг. Силкеборг во првите две кола немаше освоено бод, а потоа двапати го декласира најтрофејниот романски клуб, кој пред 36 години беше и европски првак.

Катастрофата најтешко му падна на 22-годишниот голман Стефан Тарновану, кој по петтиот примен гол, почна да плаче од бес и мака.

Факт е дека одбраната на клубот за кој неодамна потпиша Бобан Николов е лоша, но и Тарновану не се прослави, синоќа прими гол директно од корнер.

- Оглас -

Најнови вести