Голманот на Херенвен фатен на „спиење“ (Видео)

Огромната невнимателност на голманот на Херенвен, Варнер Хан, и голот кој го прими со директен удар од корнер, од чуварот на мрежата на овој холандски клуб направија ѕвезда со која се шегуваат многумина по социјалните мрежи.

При резултат 1-0 за АЗ Алкмар, гостите требаше да изведат корнер во 79-тата минута и голманот Хан воопшто не посвети внимание на тоа дека голот е празен и никој не го чува, туку излезе неколку метри пред гол-линијата и ги распоредуваше своите соиграчи како да се постават пред центаршутот.

Усама Идриси, кој го изведе корнерот, виде дека голманот е далеку од голот, а и мрежата никој не ја штити на стативите, па реши наместо да нафрли, да упати шут кон голот. За негова среќа, беше прецизен и зголеми на 2-0, што се покажа како конечен резултат. Домашните останаа збунети, но ситуацијата беше регуларна и голот оди на душа на голманот.

https://www.youtube.com/watch?v=tMcAHjWV8Tc

- Оглас -

Најнови вести