Голманот на Интер Мајами збунет: Не сме спремни за Меси, па ние немаме ни соодветен стадион

Тимот на Интер Мајами е во центарот на фудбалската јавност, но не поради своите резултати на теренот. Тоа е клубот кој вчера потврди дека успеале да го придобијат потписот на Лионел Меси.

Аргентинецот за првпат по 23 години си заминува од Европа и ќе игра во МЛС за Интер Мајами, клуб кој е на последното место во Источната конференција. Одлуката Меси да дојде во Интер Мајами шокираше многумина, а голманот на овој клуб, Ник Марсман, даде интересна изјава.

„Лично мислам дека клубот не е подготвен за доаѓање на Меси. Имаме привремен стадион, луѓето може дури да влезат и на теренот затоа што нема огради. На стадион доаѓаме без обезбедување, а иако се надевам дека Меси ќе дојде и ќе биде дел од нашиот клуб, искрено мислам дека не сме подготвени за тоа“, искрено вели голманот Марсман.

Меси имаше многу побогата понуда да заигра во Саудиска Арабија, но тој се реши да замине во САД. Според „Марка“, платата на Меси во Интер Мајами ќе биде 100 милиони евра, но тука не се пресметани многуте бонуси и проценти кои Аргентинецот треба да ги добие од маркетингот, но и ТВ-правата.

 

- Оглас -

Најнови вести