Интер Мајами и Ал Ахли одиграа без голови во првиот меч од историското Светско клупско првенство на кое учествуваат дури 32 екипи од целиот свет. Пред 60.000 гледачи на „Хард рок“ стадионот во Мајами, египетскиот првак беше многу поблиску до победата, но голманот на Интер Мајами Оскар Устати блескаше и не дозволи да биде совладан.
Дури осум шутеви во рамките на голот имаа играчите на Ал Ахли, но ниту еднаш не успеаа да го матираат Устати. Најдобрата шанса египетскиот тим ја имаше во 43 минута кога добија пенал, но и тогаш голманот на Интер Мајами успеа да одбрани.
На спротивната страна, во нападот на тимот од САД најопасни беа Меси и Суарес, но и тие не успеаа да го пронајдат патот на топката до мрежата на противничкиот тим